Истите луѓе од врвот на СДСМ со коишто Јанева ги спремала обвиненијата, соработувале и со Вилма Русковска. Сите обвиненија и сите постапки кои ги водела Русковска, биле во координација со луѓе на Заев. Биле нарачувани медиумски хајки и тортура против политичките противници на Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
– Обвинителството на Русковска и Јовевски ги работело и ги работи истите постапки како и СЈО на Катица Јанева. Личниот интерес на Заев, политичките интереси на СДСМ и бизнис потребите на елитата на власт е единствениот приоритет по кој работеле и Катица и Вилма – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, јавното сведоштво на еден од учесниците во сите овие средби е доволен доказ и за оставки на Русковска и Јовевски и за сериозни кривични истражни постапки на независни и непартиски обвинители кои не се во приватното друштво на кланот на Заеви.