
Пред една недела Собранието на Р.Mакедонија ги усвои измените и дополнувањата за проектот „Купи куќа-купи стан“, со кои се предвидени намалувања на каматите.
Каматната стапка за овој проект за првите три години од 4,99 остсто е намалена на 3,95 отсто, а во следните години од 5,5 на 4,44 остсто. Со ова намалување граѓаните кои ќе се одлучат да го искористат проектот за да си обезбедат дом ќе имаат заштеда од 2 до 3.000 евра во однос на каматите, истакна премиерот Никола Груеввски.
Тој додаде дека е извршено олеснување на условите нагласувајќи дека проектот со новите измени станува екстра атрактивен.