
Германското министерство за внатрешни работи денеска ја забранило најголемата неонацистичка организација со образложение дека продолжува со „агресивно борбени и противуставни аспирации“ на една, исто така, забранета неонацистичка организација забранета упте во 2004 година, пренеле германските медиуми.
Во Германија веќе со години, меѓутоа, „се кршат копја“ за забранта на Националдемократската партија, која во своите редови собира ектремни десничари и неонацисти, а која на мајските избори успеа да освои еден отсто од гласовите и така да влезе во Европскиот парламент.
Ова е партија за чијашто забрана долго се расправало.
Бундерат, горниот дом на германскиот парламент, на почетокот на декември минатата година поднел барање за забрана на оваа партија до Сојузниот уставен суд.
Новата постапка за забрана, поднесена од горниот дом на парламентот како единствен уставен орган и без приклучување на Сојузната влада и Бундестагот (долниот дом на парламентот), предизвикал бројни дискусии „за“ и „против“.
На Националдемократската партија и се префрла за непочитување на универзалните човекови права, одбивање на повеќепартискиот систем, антисемитизам и расизам.
Осве тоа, овааа партија ја отвори вратата и за „групи со насилен потенцијал“, велат експертите во прио „за“, но и се сомневаат дека партијата има директни врски со терористичката ќелија „НСУ“, обвинета за убиство на осум Турци, еден Грк и една германска полицајка.