Меси и Барселона договориле нов петгодишен договор, тврдат медиумите

Барселона и нејзиниот 34-годишен капитен Лионел Моси ги договориле условите за новиот петгодишен договор, кој би требало да биде потпишан кон крајот на јули, а според коиште аргентинската фудбалска ѕвезда би требало да заработува за половина помалку од досега, објавија шпанските медиуми.

Иако имаше многу шпекулации со можно заминување на Меси од „Ноу Камп“, а меѓу наводните негови следни дестинации се споменуваа американската МЛС лига Интер Мајами. Но, сепак, се чини дека иконата на каталонскиот клуб ќе ја заврши својата фудбалска кариера во клубот во кој дојде како болникаво 13-годишно момченце.

Својата добра волја и сфќањето на доста тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот, Меси ја покажал со тоа што се согласил на двојно помала плата отолку ја имаше досега, наведуваат шпанските медиуми, со напомена дека сумата никогаш не била пречка во преговорите.

Според податоците кои протекоа во јавноста претходно годинава, Меси за последното четиригодишно продолжување на договорот, потпишан во 2017 година, заработил малку повеќе од 555 милиони евра.