Владата демантира дека го „утнала“ македонското знаме – логото за јубилејот е составен од „повеќе елементи“

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира наводите и тврдењата во текстот под наслов „(ФОТО) Владата го утна македонското знаме на логото за 30 години независност“, објавен на вашиот портал Нетпрес на линкот https://netpress.com.mk/foto-vladata-go-utna-makedonskoto-zname-na-logoto-za-30-godini-nezavisnost/

Ова се состои во кусиот демант од македонската влада во врска со претходно објавениот споменат напис.

„Логото за јубилејот „30 години независност” е составено од повеќе елементи меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!“, тврдат од Владата.