Градоначалникот на Мајами му предлага на Бајден да разгледа напади врз Куба

Градоначланикот на Мајами, Френсис Суарез ѝ предложи на американската администрација да ја разгледаат идејата за воздушни удари врз Куба.

Како што рече Суарез од вклучување во програмата на телевизијата Fox News, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден треба да ја разгледа можноста „формирање коалиција“ со цел да се спроведат „воени акции на Куба“.

Како пример за таквите „воени интервенции“, градоначалникот на Мајами ги наведе операцијата на американските специјални сили во мај 2011 година кога во северозападен Пакистан, во која беше ликвидиран водачот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, како и 78-дневното бомбардирање на тогашната СР Југославија од силите на НАТО и сл., кои според Суарез, биле неопходни „за решавање на хуманитарните прашања“.

Водителката реагирајќи на предлогот, го праша Суарез дали тој предлага Куба да биде бомбардирана. „Мојот предлог е оваа опција да биде разгледена, не треба едноставно да биде отфрлена“, додаде градоначалникот на Мајами, познат по бројните кубански пребези изминатите децении.

Претходно портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на рефовниот брифинг со новинарите изјави дека Соединете држави имаат намера да ја коригираат својата политика во односите со Куба во согласност со развојот на настаните на оваа островска карипска земја.

Дипломатските односи меѓу САД и Куба беа во прекин на 3-ти јануари 1961 година, откако на островот на власта дојде револуционерната влада на Фидел Кастро. Со децении двете земји живееја во состојба на жестока конфронтација, од кои главната карактеристика беше ембаргото наметнато од САД врз трговијата со Куба што доведе до осиромашувањето на земјата, особено по падот на комунистичкиот блок предводен од некогашниот СССР во 1990-те години.

Вашингтон започна со постепена промена на политиките кон Куба со доаѓањето на власт на претседателот Барак Обама. Во декември 2014 година, Обама призна дека полтиките на САД кон Хавана се нефункционални и најави нормализирање на болатералните односи и олеснување на санкциите против Куба. Затоплувањето на односите меѓу двете земји беше запрено со доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е приврзаник на построгиот курс кон Куба. Ги заостри регулативите за патување на американските граѓани и воведе забрана за деловна соработка со фирми и организации кои се поврзани со кубанската војска.

Во неделата 11-ти јули државната кубанска телевизија информираше за историски протести и немири во неколку градови во земјата, при што биле демолирани голем број продавници. Протестите започнаа во 50-илјадниот град Сан Антонио де лос Бањос, на 24 километри јужно од Хавана. Претседателот на

Според информациите, илјадници Кубанци „фрустрирани од повеќемесечната криза, епидемиолошките ограничуваа и владиното занемарување на народот“, протестираат првпат по 1994 година, кога стануваше за мал и кис протест. Кубанскиот претседател Мигуел Дијас-Канел го обвини во понеделникот странските платеници за поттикнување немири, а САД дека со речиси осумдецениското ембарго предизвикуваа недостиг од храна и лекови. Предупреди и дека последните седмици е забележана зголемена активност на социјалните мрежи и интернет со цел да се собори власта во земјата.