
Политичките претставници на радикалното исламистичко движење Талибан го објавија својот услов за прогласување тримесечен прекин на огнот, објави во четвртокот локалната телевизија 1TV News повикувајќи се на преговарачот на авганистанската влада Надер Надери.
Според изјавата на Надери, талибаните се подготвени на почитување на примирјето доколку од авганистанските затвори бидат ослободени 7.000 затвореници, членови или соработници на движењето. Услов, исто така, е и талибаните да бидат тргнати од списокот на забранети терористички организации на Обединетите нации.
Истата информација је пренесе и службената новинска агенција Pajhwok, којашто известува дека талибаните испратиле предлог до владата во Кабул за тримесечен прекин на огнот. Агенцијата, исто така, се повикува на Надер Надери, кој е член на авганистанската владина делегација на преговорите со талибаните кои се водат повеќе од две години во катарска Доха.
„Талибаните предложија тримесечно примирје, но побараа авганистанската влада да ослободи 7.000 нивни приврзаници. Тоа е сериозно барање. Веќе видовме дека ослободувањето од затворите на 5.000 талибани не ја подобри ситуацијата дури и доведе до ескалација“, на судидите, го цитира Pajhwok кој оваа изјава ја дал на прес-конференција во Кабул.
Подоцна, претставникот на политичката канцеларија на талибаните, Мухамед Наим, за руската новинска агенција РИА, изјавил дека движењето не зборувало за прекин на огнот, туку за ограничување на воените операции. Според него, талибаните немаат „никаква информација во врска со овој предлог“ за примирје.
Неодамна, во текот на престојот на талибанската политичка делегација на Москва, специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистна, Замир Кабуло, изјави дека постапката за исклучување на движењето од листата за санкционирани организации на Советот за безбедност при ОН може да биде покрената по почетокот на меѓуавганистанскиот мировен дијалог.
Забулов минатата седмица потсети и дека ОН во 2001 година усвоија резолуција со којашто талибанското движење се идентификува како терористичка организација, а повеќе од 110 лица од челната и средната хиерархија на движењето се предмет на санкции.
Прес-конференцијата на Недари се одржа пред состанокот на делегацијата од 11 авганистански политичари подоцна во четвртокот, кои треба да отпатуваа на преговорите во Доха. Консултациите кои траат од септември минатата година, беа прекинувани неколкупати и дури неодамна беа обновени. Досега тие се водеа на ткн експертско ниво, но од самиот почетокот во Доха не беше дојдено до суштинската дискусија за агендата за идните мировни преговори, а досегашните средби се сметаат за прелиминарни.
Се претпоставува дека во делегацијата на Кабул на состаникот во Доха ќе бидат вклучени и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи и претседателот на Врховниот совет за национално помирува на Авганистан, Абдула Абдулах. Делегацијата на Талибан ќе ја води нивниот главен преговарач Абдул Гани Барадар.
Во Авганистан во момент се водат жестоки конфронтации меѓу владините сили и талибание кои заземаче значителни територии во руралните области и започнаа офанзива за контрола над големите градски центри. Нестабилноста во земјата расте откако американските трупи речиси го довршија повлекувањето по две деценнии од земјата. Договорот постигнат минатата година меѓу САД и талибаните, предвидува дека веднаш по повлекувањето на странските трупи кое треба конечно да заврши до 11-ти септември, ќе започне меѓуавганистанскиот дијалог по размената на заробените од двете страни.