Светската фудбалска асоцијација ФИФА остро го казни италијанскиот прволигаш Специја со забрана за ангажирање играчи во текот на четири преодни роковои, почнувајќи од јануари следната година, поради кршењето на прописите во врска со доведувањето малолетни играчи.
Специја, исто така, е парично казнета и со 500.000 швајцарски франци.
Казната следеше поради доведувањето на неколку малолетни играчи од Нигерија со што е прекршен членот 19 за правилата поврзани со трансферите на играчите.
Од Специја, којашто во февруари годинава доби нови американски сопственици, најавија жалба на казната.
„Изненадени сме со ваквата одлука на ФИФА. Новите сопственици немале никаква улога во спорните трансфери. Ќе ги преземеме сите мерки за нашиот клуб да остане компетитивен и во наредните сезони“, објави претседателот на Специја, Филип Рејмонд Платен џуниор.