
НАТО ја завршил својата воена мисија во Авганистан по речиси две децении, дознава германската службена новинска агенција DPA од неколку дипломатски и воени извори.
Странските трупи кои и натаму се во земјата, американските и турските, по заминувањето на повеќето војници на НАТО, се ислучиво под контрола на своите национални синџири на командување, рекле неименуваните извори.
Тоа би значело дека се ближи конечното завршување на најкрвавата воена мисија во историјата на Алијансата.
Одлуката официјално да не се соопшти завршувањето на воената мисија поврзана е со фактот дека оперативниот план сѐ уште е на сила, појаснува DPA.
САД извршија инвазија во Авганистан по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година за пресметка со радикалната мрежа Ал Каеда на која во оваа земја засолниште ѝ даваше исламистичкото движење Талебан. Сојузниците од Алијансата набрзо ги следеа американските трупи. Вашингтон тогаш првпат ја активираше клаоузулата од пактот, членот 5, за меѓусебна одбрана на членките.