Поплави во Хрватска и северниот и централниот дел на БиХ

Силниот дожд кој е дел од бранот кој зафати повеќе земји од западна Европа се спушти во раните вечерни часови и во Хрватска и Босна и Херцеговина каде што предзвика помали поплави во повеќе општини во северните и централните делови, а метеоролозита предупредуваат на опасноста од поројни поплави.

Две лица се неповредени пожарникарите ги извлекле во славонската општина Бели Манастир од возило кое се заглавило во поплавен подвозник. Во подрачјето на Осјечко-барањската жупанија имало пријави за поплавени подруми и прекин на струјата, пренесуваат хрватските медиуми.

Во БиХ најтешка е состојбата во Модрича каде поради обилните дождови се блокирани повеќе сообраќајници. Во изјавите за локалните медиуми населението стравува дека водата може да им се излие во дворовите и куќите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска го повика населението да ги заштити имотите поради можните поројни потоци и свлечишта на земјата, имајќи предвид дека дождот би можел да врне три дена.

Пораи слевањето на наврнатите води во Завидовичи отежнато се одвива сообраќајот во центарот на градот, додека на подрачјето на Жепча поради поплавените подвозници е забрен сообраќајот.

Во Витез се излеала реката Кушчица, но засега нема информации за загрозени објекти и население.

Метеоролозите во Федерацијата БиХ ги предупредија граѓаните на опасноста од поројни поплави, но наедуваат дека не се очекуваат поплави со катастрофални размери како оние од 2014 година.