
ОВЕН
Работа: Концентрацијата не ви е силна страна. Во гужва сте и може да пратите некоја погрешна информација или документација на соработниците.
Љубов: Љубовта не ви е приоритет. На брачниот партнер му недостасува вашето внимание.
Здравје: Внимавајте на дишните органи.
БИК
Работа: Држите на работа се под контрола. Имате јасно зацртани цели и со сигурни чекори одите кон нив.
Љубов: Односот со партнерот не е искрен. Се залажувате себе дека е така подобро затоа што со тоа избегнувате караница.
Здравје: Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Посегнувате кон приватни врски во цел за подобрување на работната ситауција, но ги нема очекуваните резултати.
Љубов: Вљубени сте и гледате што повеќе време да минете со партнерот.
Здравје: Неопходна ви е физичка активност.
РАК
Работа: Имате сериозен и одговорен однос кон обврските, но во исто време уживате во нив. Ве очекуваат тајни финансиски трансакции.
Љубов: Вљубени сте и вашите емоции се стабилни и интензивни.
Здравје: Добро се чувствувате.
ЛАВ
Работа: Конкуренцијата е заинтересирана за работна соработка со вас. Се двоумите околу понудата. Во принцип немате причина да ја смените работата.
Љубов: Ве очекува ново познанство. Проценката кон другата личност нема да биде најдобра.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Ве очекуваат проблеми на работа кои предизвикуваат застој. Работите се што е во ваша моќ да ги надминете, но без успех.
Љубов: Се воздржувате од покажување на емоциите кон партнерот. Тој ја разбира вашата срамежливост.
Здравје: Болки во кичмата.
ВАГА
Работа: Работата е стабилна и уживате во обврските. Правите работни планови кои не се реални. Имате впечаток дека се што сакате може да постигнете.
Љубов: Ви значи брачниот партнер, иако имате впечаток дека е ладен кон вас.
Здравје: Проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Работа: Одлично водите работна соработка со странските соработници. Надредената личност е полна со зборови на пофалба поради тоа.
Љубов: Односот во бракот е стабилен и исполнувачки. Партнерот со поглед знае во какво расположение сте.
Здравје: Стабилно здравје.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Работата одлично се развива и вие сте задоволни. Имате впечаток дека дошло време за крупни промени.
Љубов: Не ги откривате своите планови на брачниот партнер.
Здравје: Солидно.
ЈАРЕЦ
Работа: Започнувате приватен бизнис свесни дека уште многу работи може да научите. Отворени сте за нови знаења и нови работи.
Љубов: Брачниот партнер ги сака вашите допири и ве заведува суптилно.
Здравје: Наклонетост кон инфекции и алергии.
ВОДОЛИЈА
Работа: Успешно ги решавате правните прашања. Задоволни сте од соработката со странските соработници.
Љубов: Уморни сте и потребна ви е самотија. Партнерот ве сака и на вистинскиот начин ја разбира вашата потреба од самотија.
Здравје: Стабилно здравје.
РИБИ
Работа: Полни сте со позитивна енергија. Имате впечаток дека сте непобедливи. Со многу ентузијазам и на брзина ги одработувате обврските.
Љубов: Размислувате за брак. Се надевате дека партнерот е подготвен на тој чекор.
Здравје: Можни инфекции на дишните органи.