
Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 28 јули ќе ја почне посетата на Македонија и Грција.
Според соопштението на ОН, Нимиц првo ќе допатува во Македонија, на 28 и 29 јули, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.
„Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“, пишува во соопштението на ОН.