На граничните премини Табановце и Богородица се чека 45 минути

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Утринските информации велат дека на граничните премини Табановце и Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.