Дваесет ипетгодишниот Е.О. од тетовско Долно Палчиште вчера бил пронајден починат.
Од СВР Тетово информираат дека вчера во 19:25 часот било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден Е.О., кој бил усмртен од удар на гром.
-Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.