„Тие убиваат луѓе“. Така претседателот Џо Бајден го критикуваше Фејсбук во петокот, одговарајќи на новинарското прашање која е неговата порака до социјалните мрежи. Изјавата на Бајден се однесуваше на дезинформациите кои се шират по разни Фејсбук групи или во дискусии во врска со короната и вакцините, пишува Футуризам.
– Мислам, тие навистина, ете, единствената пандемија што ја имаме е меѓу невакцинираните, а тоа е – тие убиваат луѓе – рече Бајден.
Reporter: "What's your message to platforms like Facebook?"
President Biden: "They're killing people."pic.twitter.com/z9QPC2DO3t
— The Real Facebook Oversight Board (@FBoversight) July 16, 2021
Критиката на Бајден дојде откако секретарката за медиуми на Белата куќа, Џен Псаки, објави дека американската администрација известувала за објави на Фејсбук за кои верува дека шират дезинформации за ковид-19.
– Ние ги обележуваме проблематичните објави за Фејсбук кои шират дезинформации. Ние работиме со лекари и медицински професионалци за да поврземе медицински експерти со луѓе кои се популарни меѓу нивната публика. Значи, ние помагаме да ги добиеме доверливите содржини таму – рече Псаки на брифингот со новинарите во четвртокот.
Џен Псаки во петокот ја крена прашината околу социјалните мрежи кога се чинеше дека предлага на оние што шират дезинформации да им се забрани да бидат блокирани на сите социјални мрежи – не само на една.
Jen Psaki just suggested that people spreading misinformation be banned from other/all platforms if they're banned from one. pic.twitter.com/SlNXJTXi0I
— jordan (@JordanUhl) July 16, 2021
Ова, се разбира, може да има застрашувачки импликации. На крајот на краиштата, извршната власт на американската влада сугерира тотално разоткривање на секој за кој се смета дека шири дезинформации. Ова го наметнува прашањето кој точно е тој што диктира што е и што не е дозволено да се зборува и пишува на Интернет.