Повеќе од 3,4 милиони случаи на зараза со коронавирусот и 56.000 починати се регистрирани во светот минатата седица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во седмичниот извештај објавен во средата утрото.
Овие бројки претставуваат зголемување од 12 отсто во однос на седмица претходно.
„Вкупниот број нови случаи за периодот меѓу 12-ти и 18-ти јули е 3,4 милиони, што е зголемување од 12 отсто во однос на минатата недела“, велат од СЗО.
Починати се 56.000 лица, што претставува зголемување од еден процент во однос на претходната недела.
Челникот на СЗО вели дека со вакцинирање на 70 отсто од популацијата во секоја земја од светот ќе се овозможи не само да се запре пандемијата, туку и да се покрене глобалната економија.
„Во соработка со шефовите на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската организација за трговија, повикав на голема глобална акција за до септември да се вакцинираат најмалку 10 проценти од популацијата во секоја земја, најмалку 40 отсто до крајот на оваа година и 70 отсто до средината на 2022 година“, изјавил Тедрос Аданом Гебрејесус.