Бројот земји и територии во коишто циркулира многу позаразната делта варијанта, или ткн индиски сој, на коронавирусот SARS-CoV-2, е зголемен за уште седум од 13-ти јули, па сега е регистриран во 124 земји, соопшти во средата Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Во претходните седум дена уште 13 земји го информирале СЗО за присуство на делта мутацијата.
Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на Ковид-19 во следните години. СЗО е загрижен за ширењето на сите четири видови.
Алфа сојот, кој е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во 180 земји.
Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е откриен во 78 земји.