Талибаните тврдат дека контролираат 90 отсто од авганистанските граници

EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Талибаните во четвртокот објавија дека контролираат 90 отсто од авганистанските копнени граници каде што водат офанзива, и тоа кон Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран.

„Под наша контрила се авганистанските граници со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран, околу 90 отсто од границата“, изјави портаролот на талибаните Забиула Муџахид за агенцијата РИА.

Талибаните од мај започнаа офанзива против авганистанските безбедносни сили на владата во Кабул, додека трае последната фаза од повлекувањето на странските трупи од земјата, што треба да биде завршено до крајот на август.

Во меѓувреме, борците на исламситичкото радикално движење Талебан заземаа големи рурални области, како и неколку клучни гранични премини и ги опкружуваат големите провинциски градски центри. Без клучната американска поддршка, особено во од воздух и во логистиката, владините авганистански сили пружаат слаб отпор, па дури има и информации дека се повлекуваат без борби на териториите на соседните земји.

Претходно во јули талибаните тврдеа дека заземаат речиси 85 отсто од авганистанската територија, што владата во Кабул не го признава, но за медиумите не е возможно да се провери од независни медиуми.

Талибанската офанзива ги загрижува пограничните земји, особено Таџикистан кој со Авганистан дели граница долга околу 1.200 километри. Оваа авторитарна централноазиска земја во четвртокот ја мобилизираше целата своја армија на ненадејна проверка на борбената готовност.

Заедничките воени вежни со Русија и Узбекистан, властите на Таџикистан ги планираа од 5-ти до 10-ти август и ќе се одржат на само 20 километри од границата со Авганистан.

Некои од авганистанските војници преминуваат на територијата на соседен Таџикистан. Поради тоа владата во Душанбе побара од сојузниците во регионот помош во справувањето со предизвиците кои доаѓаат од Авганистан и за заеднички напори за зајакнување на јужните граници. Русија стравува дека спиралата на насилствата во Авганистан може да се прелее во нејзините соседни земји во Централна Азија, како бранови бегалци или џихадистички закани, па дури и да предизвикаат граѓанска војна во една од поранешните советски републики.