Го финансираше ли американската невладина организација EcoHealth Alliance експериментот за создавање нови генетски модифицирани вируси на корона во Институтот во Вухан во Кина? Според сенаторот Ренд Пол, сумата е негде околу 600.000 долари, кои ѝ биле донирани на организацијата директно од два национални института за здравство на американската влада, а зад кои стои познатиот д-р Ентони Фаучи, десната рака на Бајден, пишува Би-би-си.
Експериментот во Вухан бил „добивање функција“?
Експериментите во Вухан биле од типот „добивање функција“, обвинува сенаторот Пол додека д-р Фаучи се брани на судење во Конгресот. „Добивање функција“ е кога еден организам развива нови способности или функции. Ова може да се случи во природата или во лабораторија кога научниците го модифицираат генетскиот код или го ставаат организмот во различни средини за да го сменат на одреден начин. Што се однесува на вирусите кои се ризични за луѓето, тоа би значело развивање вируси кои се потенцијално попреносливи и поопасни.
На пример, тоа ги вклучува обидите на научниците да создадат растенија отпорни на суша или модификација на векторот на комарците за помал пренос на инфекција.
Етички ли се ваквите експерименти? Тоа е секогаш предмет на остра дебата меѓу самите научници.
Истиот „неетички“ метод би можел да се искористи за да се направи посмртоносен тип на ковид од оние типови кои ги пренесува еден лилјак. Ова го потврди истакнатиот научник Ричард Ебрајт од универзитетот Раџерс кој за Би-Би-Си изјави дека истражувањето во двата труда од Вухан покажало дека се создадени нови вируси кои природно не постоеле.
Кој го лаже Конгресот?
– Како што сте знаете, кривично дело е да го лажете Конгресот – му рече Пол на д-р Фаучи, откако го праша дали сака да ја повлече изјавата дека „Националниот институт за здравство (НИХ) никогаш и ни сега не финансирал истражување за добивање функции во Институтот за вирусологија во Вухан“.
Зошто Фаучи бега од обвинувањата? Угледниот епидемиолог кој уште во времето на Трамп даваше совети како Америка да се справи со коронавирусот, рече дека е „молекуларно невозможно“ овие вируси да резултираат во коронавирус, иако не даде повеќе детали. Според него, тие експерименти не спаѓаат во „добивање на функција“.
Реагираа и од NIH и EcoHealth Alliance. Тие велат дека финансирале проект за молекуларно испитување на новооткриените вируси на лилјаците и нивните шилести протеини (кои помагаат вирусот да се поврзе со живите клетки) „без да влијаат на околината или развојот или физиолошката состојба на организмот“.
Америка и Кина заедно истражувале нов вирус?!
Се чини дека Америка и Кина заеднички ги истражувале новите типови на ковид во два научни труда. Едниот е од 2015, на кој соработувале Институтот во Вухан и Универзитетот во Северна Каролина, а другиот е од 2017 од Вухан.
Според Ренд Пол, Институтот НИХ на д-р Фаучи им дал грант од 3,7 милиони долари на EcoHealth Alliance уште во 2014 за да ги разгледаат можните коронавируси од лилјак. 600.000 долари од тие пари, организацијата му ги дала на Институтот во Вухан. Во 2019 година проектот бил обновен на уште 5 години, но во април 2020 бил откажан поради избувнувањето на пандемијата.
Наскоро по доделувањето на грантот, американската влада го сопрела понатамошното финансирање поради грижи околу биосигурноста, што се поклопува со приказната на Ренд Пол.
Неодамна, Плусинфо пишуваше за жената-лилјак, научничката од Вухан, која отворено призна дека се правени генетски експерименти со вирусите. Нејзината приказна можете да ја видите овде.
Експерименти, сепак, имало
Изгледа научниците од Северна Каролина уште во 2015 година не можеле да се договорат дали експериментот што го прават е морален или неморален. За некои, на пример, ваквите експерименти можат да придонесат како подобро да се заштитиме од вируси.
– Никогаш не воведовме мутации во шилецот на вирусот за да го подобриме неговиот раст во човечките клетки – вели за „Вашингтон пост“ д-р Ралф Барик од Универзитетот на Северна Каролина, кој работел на студијата за лилјаци во Вухан во 2015 година.
Сепак, Барик признава дека вирусите имаат својства да заразуваат луѓе. Тој вели дека ниеден од вирусите кои биле предмет на студијата од 2015 година не се поврзани со Sars-cov-2, кој ја предизвика пандемијата.
– Не постои секогаш консензус во врска со истражувањата за добивање функции дури и меѓу експертите, а институциите различно ја толкуваат и применуваат политиката – вели Ребека Мориц од Универзетот во Колорадо.
Светот гори да дознае кој и како го направи коронавирусот, ако е тоа можно. Во тек е меѓународна истрага која ја поведе Светската здравствена организација, а од неодамна Кина одби да соработува со СЗО, кога организацијата предложи да се испита фактот дали вирусот протече од лабораторија во Вухан, како дел од втората фаза на истрагата.