
Новиот предводник на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал имаше фантастично деби на менаџерската клупа откако неговиот тим забележа убедлива победа од 7:0 во пријателскиот натпревар против екипата на Лос Анџелес Галакси.
Популарните “црвени ѓаволи” дојдоа во водство со прекрасниот погодок на Дани Велбек, а потоа по два погодока постигнаа Вејн Руни, Ешли Јанг и Рис Џејмс.
Одлично деби имаа и новајлиите на “Олд Трафорд”, Лук Шоу и Андер Херера, а шпанскиот интернационалец одлично му асистираше на Јанг кој го постигна петтиот погодок на натпреварот.
Кога се во прашање останатите пријателски натпревари, убедливо најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Рома и Ливерпул, а истиот заврши со минимален триумф на римската “волчица” од 1:0.
Во последната минута од натпреварот, среќен погодок постигна резервниот напаѓач на Рома, Марко Бориело.