Повеќе од 4.500 патници биле спречени да се качат на брод кон некоја од островските дестинации од атинското пристаниште Пиреа, поради недостиг или нецелосни документи за Covid-19, соопшти во петокот министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис.
За патување со брод кон грчките острови, задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од PCR или ткн „брз-тест“ на коронавирусот, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.
„Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал, не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица“, рече Плакиотакис.