Соединетите држави, Европската унија и НАТО се загружени од зголемувањето на насилството и напредувањето на борците на радикалното исламистичко движење Талибан во Авганистан и го повикуваат движењето да ја запрат својата офанзива, се наведува во заедничкото американско-европско коминике објавено во петокот од САД, ЕУ, НАТО, Франција, Германија, Италија, Норвешка и Велика Британија.
Документот е усвоен по состанокот на специјалните претставници и пратеници на овие земји и меѓународните структури кој се одржа во Рим во четвртокот.
„Длабоко сме загрижени од високото ниво на насилство, воената офанзива на талибаните, како и со бројот на сериозните нарушувања на човековите права за кои има извештаи“, се истакнува во текстот на заедничката декларација.
Талибаните во четвртокот објавија дека контролираат 90 отсто од авганистанските копнени граници каде што водат офанзива, и тоа кон Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран. Талибаните од мај започнаа офанзива против авганистанските безбедносни сили на владата во Кабул, додека трае последната фаза од повлекувањето на странските трупи од земјата, што треба да биде завршено до крајот на август.
Во меѓувреме, борците на исламситичкото радикално движење Талебан заземаа големи рурални области, како и неколку клучни гранични премини и ги опкружуваат големите провинциски градски центри. Без клучната американска поддршка, особено во од воздух и во логистиката, владините авганистански сили пружаат слаб отпор, па дури има и информации дека се повлекуваат без борби на териториите на соседните земји.
„Ги повикуваме сите страни да го намалат нивото на насилства и да ги заштитат цивилите, да ги почитуваат своите обврски согласни меѓународното хуманитарно право. Ги повикуваме талибаните да ја запрат нивната воена офанзива, а двете срани (…) значително да земат учество во мировниот процес“, изјавија САД, ЕУ и земјите членки на НАТО.
Притоа, учесниците на состаникот во Рим истакнуваат дека го поддржуваат инклузивниот мировен процес во Авганистан и посредништвото на „трети страни“.
„Изразуваме целосна поддрша за инклузивниот мировен процес воден од Авганистанците и предводен од Авганистанците…“, се нагласува во документот.
„Апелираме до двете страни да покажат добра волја во прговорите со цел да се постигне праведен и одржлив политички договор. Со цел да ги унапредиме процесот на преговорите, поддржуваме секаква помош и посредување од трети страни, кои се прифатени од двете страни“ во маѓуавганистанските преговори“, се вели во соопштението.
САД и водечките европски земји, исто така, ги повикуваат двете страни во Авганистан, да ја осигураат безбедноста на странските дипломатски мисии, аеродромите, невладините организации и на медиумите.
Земјите потписнички на заедничката декларација, исто така, ја поздравија подготвеноста на Турција да помогне во обезбедувањето на меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина Кабул.
„Особено ја цениме подготвеноста и посветеноста на Турција да помогне доколку е потребно во осигурувањето на безбедноста на аеродромот“, се вели во соопштението.
На 14-ти април, американскиот претседател Џо Бајден објави дека ја прифаќа одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп да ги повлече силите од Авганистан, означувајќи крај на најдолготрајната американска војна.
Меѓутоа, по почетокот на повлекувањето на странските трупи од Авганистан кое треба да биде завршено до почетокот на август, се зголеми насилството во земјата откако талибаните ги засилија своите борбени дејствија во голем број области. Но во вторникот привремениот авганистански министер за одбрана Бисмила Мохамади изјави дека владините безбедносни сили го направиле пресвртниот момент во своја полза во војната со талибаните.