
Невреме повторно ја зафати Белгија предизвикувајќи штети, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 луѓе, пренесуваат во неделата локалните медиуми.
Визилата во градот Динан биле носенни од поплавата, блокирајќи го железничкиот премин, објави новинската агнеција Belga во саботата доцна вечерта повикувајќи се на железничкиот оператор „Infrabel“.
Поплави имало и во градот Намур, јави телевизискиот канал RTBF. Во овој град, кој е административнито центар на покраината Валонија, ѕид се урнал врз коловозот близу едно казино, а повеќе домови морало да бидат евакуирани.
Погодени се и други градови ширум Белгија, пренесуваат медиумите.
Во регионот Валонски Брабант пријавени се одрони, а во регионот Антверпен на севеорт на земјата спасувачките служби примиле повеќе повици за помош. Во оваа област многу куќи се поплавени, а една била погодена од гром.
Засега нема информации за можни смртни случаи или настрадани во новото невреме. До петокот Белгија пријави 36 загинати во претходно поплави, а седум лица сѐ уште се водат како исчезнати.
Портпаролот за кризни состојби Антоан Исекс, сепак, наведе во неделата дкеа „ситуацијата никако не може да се спореди“ со поплавите од 14-ти и 15-ти јули, бидејќи саботните врнежи не предизвикале излевања на реките.
Меѓутоа, како што додаде, материјалните штети се големи бидејќи попалвени се подруми, станови и возила.