Водечкиот американски стручњак за заразни болести Ентони Фаучи во неделата изјави дека за Американците коишто се имунокомпромитирани би можело да биде неопходно да примат дополнителна доза од вакцините против Covid-19, додека САД се борат со зголемиот број коронаинфекции од делта варијантата.
Во интервјуто за телевизијата CNN, др Ентони Фаучи рече дека станува збор за „пациентите кои имале трансплантации, кои минале хемотерапија поради карцином, кои имаат автоимуни болести или се на имунотерапија“, додавајќид ека тоа се првите кандидати за „евентуалното трето довакцинирање, коешто веројатно ќе се случи“.
Според Фаучи, здравствените власти, исто така, разгледуваат и дали треба да се воведат сепак упатства за носење маски и за вацинирање Американците, истакнувајќи дека тоа „активно се разгледува“.
Наведувајќи ги истражувањата кои покажуваат дека можеби се случил пад на имунитетот на вакцинираните лица, Фаучи рече дека американските здравствени функционери ги прегледуваат податоците за да одредат во кој момент ќе биде потребно довакцинирањео.
„Станува збор за динамична ситуација. Работа којашто трае, се развива како и во многу други области на пандемијата. Потребно е да се следат податоците“, рече Фаучи кој е директот на Националниот институт за алергии и заразни болести.
Минатата седмица израелското министерство за здравство пријави намалување на ефикаснота на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ во спречувањето на заразата и симптоматските болести. Но додаде дека вакцината против коронавирусот во две дози којашто ја разви споменатиот американско-германски тандем, и натаму е високо ефикасно во спречувањето на сериозен тек на болеста Covid-19.
Опаѓањето на ефикасноста од вакцината се совпадна со острото ширење на делта варијантата, или индискиот сој на коронавирусот, која сега е доминатна во Израел.
Израел ја дава третата доза од вакцината на лица кои имаат ослабен имунитет, вклучително и оние кои имале трансплантации на срце, на бели дробови, бубрег или црн дроб, како и на пациентите заболени од некој вид карцином кои се на хемотерапија.
Делта варијантата го поттикна и растот на заразените во САД. Најголем раст на новите случиа на коронавирусот има во местата со пониска стапка на вакцинирани жители, според властите.
Сојузните држави Флорида, Тексас и Мисури сочинуваат 40 отсто од новите случаи на коронаинфекции во САД, доека еден од петте нови случаи е пријавен на Флорида, изјави седмицава советникот на Белата куќа во справувањето со пандемијата, Џефри Зиентс.
Во петокот американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и нејзниот партнер германската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“ објавија дека САД купиле дополнителни 200 милиони дози од нивната вацина со цел да ги вакцинираат децата, како и поради можното дополнително довакцинирање најмалку со трета доза.