Тешка сообраќајна несреќа со жртви на патот Охрид – Кичево

фото: slobodenpecat.mk

Во месноста Дебрца на автопатот помеѓу Охрид и Кичево вечерва околу 19,30 часотсе случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа најмалку три возила.

Забележани се три возила на службата Брзата помош како заминуваат од местото на несреќата кон Охрид. На лице место има најмалку едно покриено тело на загинат патник во сообраќајната несреќа. Исто така, на лице место се забележани две возила на погребно претпријатие.

Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со невиден застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво. Како што јавува читател на „Слободен печат“, по патот се вози одвај со 10 километри на час.

Сообраќајот го регулира полицијата и ги пренасочува возилата кон споредните, регионални и помошни патишта. За деталите од оваа несреќа очекуваме соопштение од МВР.