Стојкова Серафимовска: Лошите извештаи на УНЕСКО за Охрид се резултат на последните четири години, тоа ќе го смениме 

Денес од тука од Охрид ќе зборуваме како ние, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи Охрид уште позначаен, уште поважен и тоа ќе го направиме ние заедно со вас граѓаните. За жал ги знаеме извештаите на УНЕСКО, само сакам да ви кажам, да им порачам на сите граѓани дека тие скандалозни извештаи почитувани се однесуваат на изминативе 3-4 години, што значи се однесуваат на целосно несоодветно менаџирање на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев токму на Охрид и охридскиот регион бидејќи тој извештај не е заради некои војни или природни катастрофи туку само и единствено од несовесно менаџирање. Ние тоа нема да го правиме и за тоа сме овде да ви претставиме како го змаислуваме понатамошниот развој не само на Охрид и охридскиот регион туку и на прешироките и пребогатите предели која што ги нуди оваа наша прекрасна Македонија“, истакна пратничката Велика Стојкова Серафимовска,на денешната трибина во Охрид нагласена „Промоција на политики – Македонија за сите луѓе“

Стојкова Серафимовска посочи дека таа ќе говори како културното наследство може да се искористи односно може да се употреби во одржлив економски развој, а тоа се постигнува со многу јасна и прецизна визија која што соседните земји и останати земји ја имаат.

„А, со тоа ќе ја зачуваме и ќе ја пренисаме македонската приказна што е наша должност оставена од нашите предци, нашите родители, а која што мораме да ја пренесеме на нашите деца. Токму за тоа сум среќна што сме во Охрид, бидејќи културното наследство во Охрид е особено богато и во охридскиот регион секако. За Охрид или Лихнид се пишувало уште во антички времиња иамме материјални докази и документи каде се спомнуваат цивилизации и население за кое што е потврдено и докажано научно дека се едни од најстарите на Балканот, и на поширокиот европски регион“, рече Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска потсети дека токму во Охрид е создаден најстариот универзитет во Европа, Климентовиот универзитет во 9-тиот век. Во Охрид дејствувале сите македонски преродбеници, просветители. Во Охрид се негувале од секогаш културата, верата, се она што е дел од македонскиот идентитет.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага програма која што ќе се насочи токму на употребување на културното наследство на сето ова што го збореа моите претходни говорници за граѓаните, за носителите на тоа културно наследство“, појасни Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска укажа дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓански здруженија ќе создаде една платформа во која првиот бенефит, најголемиот бенефит ќе оди кај граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ во својата програма обрнува исклучително многу внимание на промоција и заштита на овие културни вредности односно на културното наследство како дел од нашиот израз, како дел од нашиот карактер, како дел од она што секој турист кога ќе дојде во Македонија се вљубува“, рече Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да преземе мерки со кои ќе се помогне пред се на граѓаните, на носителите на културното наследство.