Италија во неделата побара помопш од европските земји да ѝ испратат авиони за гаснење пожари кои би помогнале да се запрат огнените стихуу кои зафатија делови од нејзиниот остров Сардинија, поради кои се евакуирани стотици луѓе.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо обави на својот профил на Facebook дека службата за цивилна заштита ги упатила тоа барање и дека е благодарен за помошта којашто веќе е испратена.
„Два канадера се на пат од Франција, за што официјално се заблагодарувам“, напиша Ди Мајо.
Пожарите ја зафатија провинцијата Ористано во централниот западен регион на италијанскиот остров, спалувајќи илјадници хектари, усмртувајќи стотици животни и нанесувајќи штети на сопственоста на локалните жители.
Досега нема информации за смртно настрадани или повредени, но службената италијанска новинска агенција ANSA објави дека 400 луѓе се евакуирани од нивните домови во неделата, откако приближно иста бројка лица си заминале претходната ноќ.
Седум авиони за гаснење пожари го госнеа огнот во областа на Ористанот во неделата, наведе службата за цивилна заштита. Топлите југозападни ветрови го попречуваат гаснењето.
Кристијан Солинас, челник на сардинискиот регион, ги опиша пожарите како „катастрофа без преседан“. Додаде дека во моментов не е можно да се одредат целите размери на штетите, но рече дека ќе побара од премиерот Марио Драги да формира фонд за опоравувањет со цел да се пошуми Сардинија.