
Лука Дончиќ имаше вонсериско деби на едни Олимписки игри и практично сам и пресуди на Аргентина, натпревар на кој ѕвездата на Далас успеа да запише 48 поени зад своето име.
Словенија успеа да ја победи Аргентина со 118:110, а како една од најголемите ѕвезди во дел од Олимпиското село во кое тој е сместен, Лука призна дека ужива во приматот на голема ѕвезда на големото случување во Токио.
– Ова е многу важен ден за Словенија. Не ме интересираат личните рекорди, важно е што тимот победи на волку важен меч против противник кој добро знаеме што направи на последното Светско првенство.
– Искрено, ми се допаѓа тоа што сум ѕвезда на овие Олимписки игри, ова е поразлично искуство од било кое друго, – изјави Дончиќ кој на прашање од словенечките новинари, посочи дека сепак Новак Ѓоковиќ е најголема ѕвезда во Токио.
– Правам многу фотографии со различни спортисти во изминативе неколку дена, но можат да бидат и повеќе. Убедливо најмногу фотографии прави Новак Ѓоковиќ, – открива Дончиќ.