Исказот на Александар Василевски-Нинџа главен доказ при изрекувањето на пресудите за „27 април“

Од она што го слушнавме при образоложението на пресудата за случајот за т.н организатори на настаните од „27 април“ не може да се одбегне фактот дека исказот на Александар Василевски-Нинџа беше клучен за казната што ја добија обвинетите.

Но, токму Нинџа неколкупати го смени исказот, а не ја говореше вистината дека на критичниот ден во седиштето на партијата. Вештакот исто така со вештачење на двата мобилни телефони на Нинџа докажа дека тој само се доближил накратко, но не и дека бил внатре.

Нинџа исто така беше омилениот сведок на обвинителката Вилма Русковска која обвинението го темелеше токму што тој го кажа и во судницата но и во Обвинителството.

Адвокатот Еленко Миланов вели дека не му е јасно врз основа е донесена пресудата-дали за тоа што се случило на „27 април“ или пак за протестите „За заедничка Македонија“.

-Ова пресуда покажа дека имаме дежурни сведоци, дежурни лица кои даваат искази и се главни за предметите.Тоа е Александар Василевски-Нинџа на кој уште еднаш му се поклонува верба покрај сите факти што ги изнесе одбраната-вели Миланов.