
Иако првично ЕМСЦ објави дека утринава земјотрес со јачина од 8 степени ја погоди Алјаска, набрзо беше корегирана јачината на потресот.
Според последните информации земјотресот бил со јачина од 8,2 степени и на длабочина од 40 километри.
Земјотресот е регистриран во 22:16 часот по локално време.
Разорниот земјотрес ги активираше службите и во целиот регион е издадено предупредување за цунами.