Вучиќ по средбата со Панчев: Чест ми е што седам со големиот шампион

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во посета на Македонија, каде денес во Скопје треба да се одржи Економскиот форум за регионална соработка меѓу нашата земја, Србија и Албанија.

Тој се сретна со легендата на Вардар и на Црвена ѕвезда, златната копачка од 1991 година,  Дарко Панчев.

Вучиќ разменил неколку зборови со славниот фудбалер, па ги сподели на својата страница на Инстаграм со пораката:

– Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што успеав да се сретнам со големиот шампион.