
Пожар претпладнево избувна на Водно, објави „Курир“.
Командирот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски во куса телефонска изјава за Курир потврди дека на Водно има пожар и дека се наоѓаат на лице место.
Засега не е познато колкава површина е зафатена.