Пожарот на Водно е ставен под контрола

Пожарот на Водно кај Марково Крувче е ставен под контрола од Пожарна Скопје и се работи на негово догасување, објави Град Скопје на страницата на Фејсбук.

-Ги молиме посетителите на Водно да внимаваат на околината и да пријавуваат неправилности и можни потпалувачи, велат од Градот.