ЕУ бара ослободување на „произволно“ уапсените демонстранти на Куба

Европската унија во четвртокот побара од владата на Куба да ги ослободи „произволно“ приведените учесници на досега невидените протести против владата одржани на почетокот од јули.

„Многу сме загрижени поради задушувањето на протестите и апсењето на учесниците и новинарите откако протестите беа одржани на 11-ти јули ширум земјата“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Боел, во изјавата поддржна од 27-те земји членки на блокот.

Илјадници Кубанци на 11-ти и 12-ти јули излегоа на улиците со паролите „Слобода“, „Долу диктатитурата“ и „Гладни сме“, на ретките и најголемите протести од револуцјата со која комунистичката партија предводена од Фидел Кастро дојде на власт во 1959 година.

Куба пред две седмици беше потресена од протести без преседан поради длабоката економска криза предизвикана од децениските санкции од страна на САД и блокадите, како и поради лошото владино справување со пандемијата на коронавирусот и ограничувањата на граѓанските слободи.

На тоа владата водена од Комунистичката партија на Куба одговори со ограничување на пристапот до социјалните мрежи и платформите за размени на пораки, обвинувајќи го Вашингтон дека стои зад организирање и поттокнување на протестите.

Министрите за надворешни работи на САД и 20 други сојузнички земји ги осудија масовните апсењеа на Куба и повикаа на целосно враќање на пристапност до интернет.

Според информациите кои ги добиваат западните медиуми стотици луѓе се уапсени а многу се обвинети за насилство, нарушување на јавниот ред, вандализам и ширење на епидемијата на коронавирусот поради тоа што не носеле заштитни маски.

Независните коментатори и активисти објавија листа на приведени на кои се на листа со околу 600 имиња. Шеесетина Кубанци досега кривично се гонат поради учество на протест, изјави во сабота висок функционер.