Бројот на загинатите во пожарите на југот на Турција се зголеми на четири

Бројот на жртвите во пожарите кои ја зафатија јужна Турција се зголеми на четири, изјави во четвртокот вечерта минисетерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.

„За жал, во Мармарис загубивме уште еден граѓанин“, напиша Пакдемирли на Twitter, откако претходно денеска објави за три жртви и 183 настрадани.

Во моментов, според податоците што ги соопшти министерството, седум провинции се зафатени со дваесетина пожари: Адана, Анталија, Кајсери, Кутахија, Мерсин, Мугла и Осание. Во гаснењето се вклучени три авиона канадери, 38 хеликоптери, 680 противпожарни возила и околу 4.000 лица од разни служби.

Вкупно во последените два дена во 17 турски провинции се случија 58 пожари. Според министерството, уништени се 6.000 хектари земјоделско земјиште и 500 хектари под оражнерии, а стихијата уништила и десетици домови.

Во средата претходно властите на провинцијата Анталија пријавија силен шумски пожар во регионот на Манагат. Поради силниот ветер, пламенот брзо се проширил на голема површина. Во четвртокот огнот бил ставен под контрола, но турстите на социјалните мрежи објавуваат дека чадот бил видлив од десетици километри.