На трибината „Промоција на политики – Македонија за сите луѓе“, претседателот на комисијата на транспорт и урбанизам на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира сериозен инфраструктурен развој во пелагонискиот дел и тоа електрификација на пругата Велес-Прилеп со современи модерни локомотиви и возови и акцент на автопатот Прилеп према Битола према Меџитлија што ќе резултура со силен развој на економијата.
-Она што ние ќе го направиме прва работа ќе направиме електрификација на пругата од Велес до Прилеп со модерни современи нови возови локомотиви. Ние ќе обрнеме сериозен акцент на развојот на пелагонискот регион на автопатот према Прилеп према Битола према Меџитлија ќе направиме сериозен развој н економијата и на инфраструктурата во овој регион и во Македонија. Нека седнат на страна уште малце и нека не гледаат нас како ја градиме инфраструктурата на оваа држава со посебен акцент на пелагонискиот регион кој што тотално го запоставија 4 години. За овој регион е важен самата железница во бројки најголем дел од сите патници во Македонија во железница се од Прилеп и Битола, рече тој.
Ивановски рече дека СДСМ целосно потфлиле во делот на инфраструктурата а тоа се гледа и со изградбата на автопатот Кичево Охрид кој за 4 години нивна власт нема ни 10 отсто реализација напред со што и туризмот и економијата трпат сериозни штети.
„Ќе го спомнам и автопатот Кичево Охрид само една кратка илустрација почна да се работи 2014 година 57 километри на примо предавање на власта ВМРО со СДСМ имаше скоро 50 % изграденост. Поминаа 4 години мрдна напред само едвај 10 % значи туризмот во Охрид, во Кичево кој што треба да го заживее овој автопат го запоставија во целост“, рече Ивановски.
Го спомна, исто така, и клиничкиот центар кој власта го проектира на половина милјада евра а нема никаква информација како ќе изгледа ниту било каков податок за инфраструктурата на тој проект. Тој потенцираше дека инфрастуктура на тој начин не се гради и дека СДСМ мора што поскоро да си оди за да ВМРО – ДПМНЕ ја почне инфраструктурната офанзива во државата.
„Побараа половина милијарда евра за клиничкиот центар во Скопје, пола милијарда, а немаат проект. Тоа значи дела ние даваме пола милијарда, не знаеме дали тој клинички ценар дали ќе има пет згради дали ќе има осум згради дали ќе има паркиралишта катни гаражи дали ќе се паркираме некаде на рамно, немање ништо ни знаење инфраструктура ни ништо и ајде наеднаш пола милијда евра. Така инфраструктура не се гради“, заклучи Ивановски.