Казнети 111 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, девет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон за време за возење, девет за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 34 за непрописно паркирање.