Кочани гори – голем пожар се шири низ градот! (ФОТО)

Попладнево Кочани се бори со невидена огнена стихија. Неколку куќи се целосно изгорени во Белско Маало, граѓаните се во паника. Поради ветерот огнот набрзина се шири и зафаќа сѐ поголеми делови од градот.

Во пламен е и објект и стовариште на ЈП Македонски шуми. Зафатена е и зграда во населбата викана Бејрут.

Пожарникарни тимови се на терен.

Засега нема информации за човечки жртви, но граѓаните јавуваат за починати животни.