По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, известуваат од Општина Гевгелија.
– Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е сѐ уште активен, но е локализиран. Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирањето на пожарот покрај ТППЕ-Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро, велат оттаму.
Ова е веќе вон наша контрола и моќ! Верувам дека само грчкото воздухопловство може да помогне во овој момент затоа што пожарот е пред нивна врата. Нашата реакција е задоцнета. pic.twitter.com/qCGwWmJsjR
— Imprint (@Otpecatok) August 3, 2021
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков ја изрази својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“, а и кон вработените од хотел „Фламинго“ и граничната полиција кои активно се вклучија во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер, односно пожарот да ги зафати: хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, граничниот премин и двете бензински пумпи „Шимов“ и „Окта“.