ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Мастеркард картички

ТТК Банка АД Скопје започна да издава дебитни и кредитни картички со логото на Mastercard и да прифаќа Mastercard картички на широката мрежа банкомати. За сите постојни и нови клиенти ова ќе значи поголема безбедност, брзина и удобност при користење на услугите на ТТК Банка АД Скопје, а со помош на поволностите што ги нуди Mastercard.

„ТТК Банка АД Скопје, во чекор со трендовите, се стреми постојано да иновира со цел да понуди повеќе и подобро за своите клиенти. Препознавајќи ги сите предности на бесконтактната платежна технологија на Mastercard воведовме три нови картични производи од овој бренд како глобален лидер во платната индустрија. Нашите клиенти сега имаат поголем избор за брз, едноставен и, што е најважно, безбеден начин на плаќање. Бесконтактното плаќање како практична замена за готовина во секојдневните набавки, особено при купување на фреквентни локации, е исто така одлична алатка за поефикасно управување со трошоците и за заштеда на време“ – изјави д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

„Среќни сме што, заедно со ТТК Банка АД Скопје, на корисниците на картички им ги обезбедуваме практичноста, брзината и безбедноста на бесконтактните и онлајн плаќања низ целиот свет, односно секаде каде што се прифаќаат Mastercard картичките. Во Mastercard сме посветени на соработката со финансиските институции како наши традиционални партнери низ целиот свет. Соработката со финансиските субјекти е јадрото на екосистемот на Mastercard и ја претставува нашата долгорочна стратегија, бидејќи веруваме дека заедно можеме да им донесеме на потрошувачите најиновативни финансиски решенија“ – изјави Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово на Mastercard Европа.

Најбрз и најудобен начин до потребните финансии 24/7

Најголемата придобивка од поседувањето на картичката е брзиот пристап до финансиски средства, веднаш, 24/7, во Северна Македонија и во странство. Портфолиото на производи на ТТК Банка АД Скопје ќе се збогати со Mastercard Debit дебитна картичка и Mastercard Credit кредитна картичка за физички лица како и Mastercard Business Debit дебитна картичка за правни лица. Дополнително, корисниците ќе можат да подигнуваат готовина од банкомат, да купуваат директно на продажните места што прифаќаат плаќања на Mastercard, како и да плаќаат и да купуваат безбедно преку интернет.

Брзо аплицирање и издавање картичка со многу поволности

Сите нови и постојни клиенти ќе можат да аплицираат за новите Mastercard картички на ТТК Банка АД Скопје во широко достапната мрежа на филијали и експозитури на ТТК Банка АД Скопје.

Покрај плаќањата во продавниците во земјата и во странство, бесплатно е и самото издавање на картичките. Корисниците на Mastercard картичките ќе добијат и бесплатна услуга за известување преку СМС за секоја успешна трансакција, за подобар увид на реализираниот промет со картичката како и поголема сигурност при користењето на картичката. Корисниците немаат трошоци за одржување на картичките во првата година, а во зависност од прометот и во останатите години. За сите картички, корисниците ќе можат бесплатно да ги менуваат лимитите на вкупните дневни трошоци по картичка во филијалите и експозитурите на Банката, а со тоа и да го приспособуваат користењето според индивидуалните потреби за оптимално ниво на безбедност.

За Mastercard

Mastercard (NYSE: MA), www.mastercard.com, е технолошка компанија во глобалната платежна индустрија. Нејзината глобална мрежа за обработка на плаќања поврзува потрошувачи, финансиски институции, трговци, влади и бизниси во повеќе од 210 земји и територии. Производите и решенијата на Mastercard ги прават секојдневните трговски активности како што се купување, патувања, водење бизнис и управување со финансии – полесни, побезбедни и поефикасни за секого.