![slovenija pomos pozarnikari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/slovenija-pomos-pozarnikari.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.
„Словенија испраќа 16 противпижарни возила и 46 пожарникари да помогнат во гасењето на пожарите низ земјава. Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро, ова ѝ го напиша министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја. Помошта од Словенија во луѓе и возила се очекува да пристигне најдоцна утре. Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Северна Македонија може да смета на своите пријатели во неволја“, се вели во соопштението.