ВИДЕО | Голем пожар беснее во близина на Пехчево

Голем пожар попладнево избувна во близина на Пехчево. Како што се гледа од објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи, пожарот се шири со голема брзина и се движи кон археолошкиот локалитет „Света Петка“.

Граѓаните апелираат на брза реакција за да биде локализиран.