Десет пожари беснеат во Македонија, најсериозни се во Македонски Брод и во Пехчево

Во моментов имаме 10 активни пожари, од коишто неколку се сериозни, а другите се од средната категорија и некои каде што гори сува трева, нискостеблести растенија, грмушки и се далеку од населението, инфомира директорот на ЦУК, Стојанчев Ангелов за моменталната огнена стихија во земјава.

Според него, во моментов најсериозно е во Македонски Брод.

– Таму ветерот го смени правецот и пожарот дојде во близина на едно село. Сериозен пожар имаме и во Пехчево, кој што преминува кон општина Берово. Овде штом се создадат услови, ќе бидат упатени 2 хеликоптери – рече Ангелов за емисијата „Жешко политичко лето“.