Каратистката Јованоска утре ја очекува олимписко деби

Каратистката Пулексенија Јованоска утре рано наутро по средноевропско време ќе настапи на Игрите во Токио како претпоследна од осумчлениот македонски олимписки состав.

Настапот на 28-годишната Јованоска во дисциплината кати е најавен за во 03:00 часот во Нипон будокан салата во Токио

Јованоска ќе биде првата македонска каратистка во историјата со олимписки настап и воедно претпоследна, која ќе се бори за медал од осумчлениот состав на Игрите во Токио.

Последен од македонскиот тим на олимписката арена во Токио, в петок, ќе се појави борачот Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми.