Утре ќе се распишат локалните избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре во 17.00 часот, ќе го потпише Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.