15.8 C
Skopje
петок, септември 20, 2024

Пожар се заканувал да ги зафати воените магацини кај Криви дол

Од Центарот за управување со кризи во извештајот за состојбата со пожарите до 8 часот утринава е наведено дека поради ширење на поголем пожар вчера попладне, во опасност биле воени магацини.

– Бидејќи пожарот се приближил кон воените магацини во близина на с.Криви Дол по барање на ОЦ на ГШ вклучена е и цистерна со вода и багер за правење на пресек за спречување на приближување на пожарот кон магацините, информира ЦУК.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска предмалку преку социјалните мрежи информира дека повеќе нема опасност за воените објекти.

-Нема опасност за воените складишта во Овче Поле. Припадниците на Армијата со инженериски машини и механизација спречија да се приближи огнот. Противпожарниот појас околу објектот што го имаат сите воени складови е проширен, противпожарната заштита е зајакната. Воените објекти се безбедни, пишува Шекеринска на Фејсбук.