Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопјевчера утринава на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
-Имено, по претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал, информира МВР.
Ј.А. е изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.