Пожарникарите во Скопје вчера примиле 7 лажни пријави за пожар

Противпожарната бригада на Град Скопје утрово информира дека во текот на вчерашниот ден биле примени 29 пријави за пожари на територијата на главниот град.

Седум од нив биле лажни.

-Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа ЛАЖНИ. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово, велат во соопштението од скопската Пожарна.