По брутално одиграната групна фаза и четвртфиналето, Словенија немаше доволно сила да ја урне Франција во полуфиналето, а потоа загуби и од Австралија во битката за бронзен медал.
Главен во екипата на Словенија беше Лука Дончиќ, кој уште во првиот меч на турнирот можеше да урне рекорд по број на постигнати поени на ЛОИ.
Тоа му помогна да се најде во најдобрата петрока на турнирот во избор на ФИБА заедно со Рики Рубио од Шпанија, Пети Милс од Австралија, Кевин Дурант од САД и Руди Гобер од Франција.