Вухан за пет дена тестираше 11,28 милиони граѓани

Una enfermera sostiene un bastoncillo mientras realiza una prueba PCR. EFE/Marcial GuillÈn/Archivo

Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со ковид-19, соопштија локалните власти.

– Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик-секретарот на градската влада Ли Тао, пренесува Ксинхуа.

До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавирусот, како и 41 асимптоматски случаи